Франција и Данска уште еднаш приредија спектал, и овој пат со среќен крај на олимпискиот шампион.
Данска без неколкумина клучни ракометари во последниот меч од втората фаза на ЕП водеше во текот на целиот натпревар против големиот ривал, но во најважните моменти на сцена стапија ѕвездите на „триколорите“ и од негатива од пет гола стигнаа до и пласман меѓу најдобрите четири на овој шампионат.
На полувремето на мечот во „МВМ Доме“ во Будимпешта резултатот гласеше високи 17-12 за Данска. И на стартот од вториот дел резервните бекови на Данска, Киркелоке и Холм продолжија немилосрдно да го полнат голот на големиот ривал, а со тоа светскиот шампион ја одржуваше сигурната позитива.
Франција пак за разлика од првиот дел играше многу посигурно и поефикасно во нападот, па пред финишот Данска за првпат влезе во посеризни проблеми – не реализира неколку напади во низа и позитивата се „стопи“ на само еден гол.
Дика Мем влезе во нова серија и со својот седми гол погоди за прво водство на својата селекција на мечот, а до крајот на мечот
Данска не реализира уште еден напад и победата замина во рацете на Франција.
Данска во полуфиналето ќе се сретне со Шпанија додека Франција ќе игра со Шведска.