реклама

Тим археолози во Германија пронашле човечки скелет со античка метална протеза, која најверојатно потекнува од периодот на 15 или 16 век.

Користејќи техники за датирање со јаглерод, експертите процениле дека лицето било на возраст меѓу 30 и 50 години и починало помеѓу 1450 и 1620 година, според Баварската државна канцеларија за зачувување на спомениците.

реклама

Изработена од железо, протезата ги замени четирите прсти кои недостасуваа – што ги воодушеви археолозите.

Дури и за искусните стручњаци ова е посебно откритие – наведуваат од Баварската државна канцеларија за зачувување на спомениците, напоменувајќи дека е видлива ампутацијата на прстите.

реклама

Околностите за губењето на прстите и практичната примена на протезата засега остануваат обвиени со мистерија.

Волтер Ирлингер, шеф на одделот за конзервација во канцеларијата во Баварија, фрли светлина врз структурата на протезата.

реклама

Шуплива протеза на левата рака замени четири прсти. Тие се формирани од лим во протезата и се неподвижни.

Во внатрешноста на протезата, археолозите откриле материјал сличен на газа, што укажува на потенцијално амортизирање на раката на носителот.

Ископувањето се случило во близина на црквата во Фризинг, во близина на Минхен.

Ова откритие се надоврзува на збирката од приближно 50 слични протези откриени во Централна Европа од доцниот среден век до раниот модерен период.

Имено, Баварската канцеларија за зачувување на спомениците веќе го спомена германскиот витез од 16 век Гец фон Берлиген, кој носел напредна, мобилна и технички исклучително сложена протеза откако ја изгубил раката во битка.

Воените конфликти од 1618 до 1648 година веројатно придонеле за зголемени ампутации и побарувачка за протези.

Едно од најголемите откритија од овој тип е палецот стар 2.600 до 3.400 години пронајден во Египет и протезата на ногата која датира од приближно 300 години пред нашата ера, а е пронајдена во денешна Италија, пренесуваат научните портали.

реклама