Арсенал доживеа неочекуван пораз од Вест Хем на „Емирати“, а Микел Артета со право по мечот им беше лут на своите играчи.

Титулата сега е само мислена именка за „тобџиите“, за ова е свесен тренерот на Арсенал:

„Тоа веќе не зависи од нас. Навистина, навистина сум лут во моментов поради она што зависи од нас, а тоа се нашите перформанси и резултати, а ние не го направивме она што можеме“, рече Артета.

Арсенал статистички беше подоминантен ривал од Вест Хем, но тие изгледаа многу лошо на теренот.

„Многу сум разочаран. Иако имавме 20 шута, не чувствував дека сме на нивото на кое требаше да бидеме. Ова не е ни блиску до нивото што треба да го достигнеме за да имаме шанса да ја освоиме Премиер лигата“, заклучи Артета.

На табелата во Премиер лигата, Ливерпул е на чело со осум поени повеќе од Арсенал.

Текстот Артета: Не сме на нивото што е потребно да се освои Премиер лигата е превземен од МАКФАКС.