ПСЖ наводно е отворен за понуди за Холанѓанецот, а тој котира мошне високо на листата на желби кај Артета, за што наводно од Арсенал веќе има пријавено сериозен интерес.

Џорџино Вајналдум не успеа да се наметне посебно во редовите на францускиот вицепрвак ПСЖ по трансферот од Ливерпул, а се верува дека 31 годишен Холанѓанец би можел да се врати во Премиерлигата.

Се верува дека фудбалерот од средниот ред веќе ги разгледува можните опции, а една од тие е Арсенал, каде котира мошне високо на листата на желби на тамошниот тренер Микел Артета, за што извести „Скај Спортс“.

Пред да се пресели во ПСЖ, Вајналдум силно се поврзуваше со можен трансфер во Барселона, но во дресот на Парижаните успеа да запише девет настапи како стартер од можни 18 сезонава, на кои воедно запиша и три погодоци зад своето име.