Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ останува на чело на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) уште најмалку четири години, одлучено е на денешното Изборно собрание.

Advertisements

Настанот се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, по истекот на првиот мандат на Антиќ на чело на Федерацијата. Делегатите едногласно му ја дадоа довербата со само еден глас „против“ на Изборното собрание на кое некогашниот крилен центар на Олимпијакос, Фенербахче, Атланта Хокс… немаше опоненти.

Антиќ на Изборното собрание победи со 40 гласа „за“ од 41 присутен делегат. 40-годишниот Антиќ ја заврши кариерата во 2018 година во редовите на белградска Црвена Звезда и веднаш по пензијата седна на претседателското столче во мак-баскетот. Тој дојде на местото на уште една кошаркарска легенда, тоа е Петар Наумоски.

На Изборното Собрание, делегатите му дадоа едногласна поддршка на Перо Антиќ. /Gol.mk/

FOTO: Gol.mk.

Прикажи повеќе