Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, е нов тренер на Каспиј, клуб од Казахстан. Во овој клуб претходно настапуваше екс-голманот на Работнички, Ристо Јанков, а сега член е Стефан Коцев, поранешен играч на Брегалница.

Advertisements

Игор Ангеловски претходно беше на кормилото на хрватскиот клуб Горица.

Каспиј по шест кола е на последната позиција на табелата во првенството на Казахстан, со само една победа и пет порази на стартот. /Makfax/

Прикажи повеќе