По дебаклот на сите домашни фронтови, на Манчестер јунајтед му останува само Лига Европа да се бори за трофеј. Интересно е што тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим во моментов тоа не му е главна тема.
„Црвените ѓаволи“ во четврток, во Баскија ќе го одиграат првиот осминафинален натпревар против Реал Сосиедад.
Лига Европа не само што е единствената шанса за трофеј, туку е и единствената шанса за пласман во Лигата на шампионите.
Судејќи според она што го пренесува „Football Insider“, Португалецот му се доверил на пријател дека жали што го презел Манчестер јунајтед и дека играчите мислат дека се многу подобри отколку што навистина се. Станува јасно дека Аморим има поголеми грижи отколку да се подготвува за мечот против Реал Сосиедад во Сан Себастијан, што и самиот го призна на прес-конференцијата.
„Луѓето на Лига Европа гледаат како на натпреварување кое можеме да го освоиме, но и како на полигон за пласман во Лигата на шампионите. Но, да бидам искрен, мислам дека имаме поголеми грижи. Знам дека е ова звучи чудно, но мора да се обидеме да изградиме нешто овде и тоа треба да биде поважно во овој момент од триумфот во ова натпреварување“, изјави Аморим.
Текстот Аморим жали што го презел Манчестер јунајтед? е превземен од МАКФАКС.