Денеска во 9:04 часот, Оперативниот штаб на Амбасадата на САД пријавил до Обвинителството, дека добиле дојава од лице во која се наведува дека 83 лица кои биле постојано осудувани за кривични дела, а кои се на слобода, добиле огнено оружје за да го попречат изборниот процес. Понатаму се наведува дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на изборите ќе изврши кривични дела. Сите случаи се проверуваат од Министерството за внатрешни работи.
Инаку, за време на досегашниот изборан процес до Основното јавно обвинителство пријавени се неколку нерегуларности. Еден од случаите се однесува на две лица кои вршеле поткуп на гласачи во Топана и Шуто Оризари. За случаите веќе има налог полицијата да ги испита случаите и да ги идентификува можните сторители на кривичното дело „купување глас за време на избори и гласање“. Друг случај е лепење летоци на кандидат за градоначалник во близина на училиштето „Кочо Рацин“.