Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 826 ден од војната објави дека Украина започна истраги за 132.780 воени злосторства и злосторства на агресија.
„826. Украина започна истраги за 132.780 воени злосторства и злосторства на агресија, како и 17.500 злосторства против националната безбедност. Тие вклучуваат убиство на 12.388 цивили (вклучувајќи 548 деца) и ранување на 20.851 цивил (вклучувајќи 1,351 дете)“, напиша амбасадорката Дир на социјалните мрежи.
Драган Мишев