Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 900 ден од целосната руска воена агресија се огласи преку својата сметка на Х со осуда на масовниот руски ракетен и дронски напад во кој повторно има цивилни жртви.
900. Противвоздушната одбрана на Украина денес работеше цела ноќ, но има жртви меѓу цивилното население во врска со масовниот ракетен и дронски од страна на државата агресор рф. #RussiaIsATerroristState #StopRussianAggression #StandWithUkraine, напиша Дир на Х
900. Противвоздушната одбрана на Украина денес работеше цела ноќ, но има жртви меѓу цивилното население во врска со масовниот ракетен и дронски од страна на државата агресор рф.#RussiaIsATerroristState#StopRussianAggression#StandWithUkraine pic.twitter.com/3TGESJBQCU
— Larysa Dir (@dir_larysa) August 11, 2024
Амбасадорката објави и фотографија на која вели дека е куќа уништена од фрагменти од руска ракета. Татко и неговиот 4-годишен син се наоѓаат под урнатините.
Како што беше предходно објавено, последиците од рускиот воздушен напад во текот на ноќта врз регионот на Кијив се елиминираат во три области, без регистрирани директни удари, според објавата на Фејсбук Руслан Кравченко штоја пренесува Укринформ.
Според него, две лица загинале поради пад на непријателски цели, меѓу кои и еден маж и неговиот четиригодишен син.
Во Мултидисциплинарната клиничка болница Бровари се пренесени уште три жртви, меѓу кои маж роден 1979 година, жена родена 1973 година и момче родено во 2011 година.
Повреденото дете е хоспитализирано. На трите жртви им е укажана потребната медицинска помош.
Засега се знае дека две приватни куќи се целосно уништени во непријателскиот напад. Утврдено е и дека се оштетени 22 куќи и девет автомобили и оштетена е црква во една населба.
„Продолжуваме со нашата работа. На сите жртви ќе им се пружи сета потребна помош“, рече Кравченко
Во текот на ноќта кон неделата, 11 август, руската армија ја нападна Украина со четири балистички ракети КН-23 и 57 беспилотни летала Шахед. Единиците за противвоздушна одбрана соборија 53 непријателски беспилотни летала.
Драган Мишев