Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 922 ден од од почетокот на руска инвазија се огласи преку својата сметка на Х со објава за конинуираниот руски ракетен терор врз цивилни цели во Украина и главниот град Кијив на денот на почетокот на учебната година.
«Ден 922. Ракетен напад од рф врз Кијив. И покрај војната, во Украина започна нова учебна година. Многу училишта беа уништени од државата-терорист рф – обновуваме нови. Продолжуваме со изградба на засолништа во училиштата», напиша амбасадорката Дир.
Ден 922. Ракетен напад од рф врз Кијив. И покрај војната, во Украина започна нова учебна година. Многу училишта беа уништени од државата-терорист рф – обновуваме нови. Продолжуваме со изградба на засолништа во училиштата.#RussiaIsATerroristState #StandWithUkraine pic.twitter.com/I5Vr9Qoh6E
— Larysa Dir (@dir_larysa) September 2, 2024
Како што објави Градската воена управа на Кијив на Телеграм, фрагменти од руски проектили, кои утрото на 2 септември беа соборени од украинската противвоздушна одбрана, паднаа во сите квартови на Кијив, при што три лица беа повредени.
Како што пренесува Укринформ, рускиот напад врз главниот град беше комбиниран – со крстаречки и балистички ракети. Воздушната тревога траеше речиси два часа.
Украинските сили за воздушна одбрана ги соборија проектилите, но остатоците паднаа во неколку области на главниот град.
Четири автомобили и една нестанбена зграда се запалија во областа Свијатошински. Засега пожарот е изгаснат. Оштетена е и метро станицата.
Остатоци паднаа и на нестанбени згради во областите Холосиевски и Шевченковски. Пожарот е изгаснат.
Падот на остатоци е забележан и во областите Подилски, Десниански, Оболонски, Днипровски и Соломиански. Без последици.
Како што објави одделот за комуникации на киевската полиција на Фејсбук, фрагменти од проектил биле пронајдени и на територијата на две градинки во областите Десниански и Днипровски; исто така, оштетени се пет противпожарни возила.
„Во нападот нема жртви, но три лица се повредени: 32-годишен маж и 19-годишна девојка се хоспитализирани, друга жртва, 24-годишен локален жител, е укажана на на самото место“, соопшти полицијата.
Драган Мишев