
Саудискиот клуб Ал-Наср продолжува со понуди за најистакнатите ѕвезди на европскиот фудбал. Најновата е за Садио Мане, сенегеласкиот интернационалец кој настапува за Баерн Минхен.
31-годишниот напаѓач имаше слаба сезона во Баерн Минхен, каде се пресели од Ливерпул, а баварскиот клуб не би имал ништо против тој да замине. Сепак, фудбалерот неколку пати изјави дека нема намера да замине и сака да се докаже на „Алијанц Арена“.
Арапите ќе се обидат да го предомислат со многу висока плата, а на Баерн Минхен за трансферот ќе му бидат понудени 35 милиони евра. Доколку Мане прифати да прејде во Ал-Наср, тој ќе му се придружи на Кристијано Роналдо во ист тим, а доаѓаат и Марсело Брозовиќ и Секо Фофана.