Фото/ rkalkaloid.mk
РК Алкалоид успешно стартуваше во ЕХФ Европскиот Куп. Вечерва во Автокоманда го декласираа литванскииот преставник Клаипеда Драгунас со 42:31.
Алкалоид првата посериозна предност ја стекна во финишот на првото полувреме кога со серија од 8:1 додјде до водство 17:10. На полувреме домашниот тим имаше предност од 18:12.
Во второто полувреме избраниците на Кире Лазаров одржуваа предност од шест до осум гола, во 52.минута имаа 35:25, на крајот славеа со 11 гола пред реваншот во Литванија.
Костески со 10 и Бинго со девет гола го предводеа Алкалоид, голманот Галевски имаше девет одбрани.
По натпреварот тренерот Лазаров истакна дека е горд од изданиетот на неговиот тим и посочи дека ист пристап неговите играчи треба да имаат и во реваншот.
„Уште мислам дека тие се многу опасен тим кој игра модерен ракомет. Нивниот тренер игра многу брз ракомет, но ние бевме подготвени за нив. Секако дека ќе сакаме да победиме и таму. Предноста е голема, на чекор до следното коло сме, но мора да бидеме претпазливи““, изјави Лазаров.
Текстот Алкалоид го декласира Драгунас, на реваншот патува со предност од 11 гола е превземен од МАКФАКС.