Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нема конкретен датум за средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ во рамките на дијалогот помеѓу Косово и Србија. Курти истакна дека блокирањето на косовските боксери од страна на Србија го открило нејзиното вистинско лице за оние кои имале дилеми. Што се однесува до средбите на претставниците на делегациите меѓу двете земји во Брисел, тоа би можело да се случи некаде во втората половина на ноември, додека за лидерите на двете земји нема датум, иако според него, тоа зависи од олеснувачите на дијалогот во Брисел.
„Постојано сме во комуникација со нив преку писмата што им ги испраќаме, средбата би можела да се случи некаде во втората половина на ноември во однос на претставниците на нашите две земји. Во меѓувреме, што се однесува до лидерите на државите, нема датум. Верувам дека тоа во значителна мерка зависи од посредникот или олеснувачот Борел, односно неговиот емисар Лајчак“, рече Курти.