Албанската репрезентација заслужено триумфираше против Молдавија и ги освои првите три бода на патот кон големиот сон, учество на ЕП во Германија во 2024. Предизвикот се покажа како многу комплициран за „црвените“ на Силвињо кои прилично се мачеа со цврстата одбрана на Молдавија бидејќи во првото полувреме погодија и статива. Сепак, никој не можеше да го спречи Јасир Асани на почетокот на вториот дел, кога упати спектакуларен удар со левата нога од далечина и ја испрати топката во мрежата на голот на Молдавија.
„Тоа беше извонредна емоција, не можам да ја опишам, беше извонредна и овој гол им го посветувам на сите затоа што секојдневно дававме голема жртва со тренинзите, бидејќи ни требаат овие натпревари. Сега откако ги освоивме бодовите продолжуваме на следниот натпревар“, изјави Јасир Асани, напаѓач на Албанија.
Имаше прегратка од селекторот Силвињо, кој му веруваше и го донесе во репрезентацијата од Јужна Кореја, бидејќи и најдобро го награди, со вториот натпревар како стартер и првиот гол со црвено-црниот дрес.
Во следните минути предноста ги стави „црвените“ во комотна позиција. Одлично ја менаџираа играта и наскоро додоа до вториот гол, овојпат преку Недим Бајрами, кој на 15 минути пред крајот им го запечати успехот на фудбалерите на Силвињо.
„Многу сум среќен што освоивме 3 бода, но среќен сум и што го постигнав првиот гол со тимот. Ни претстои долг пат. За 3 дена имаме пресметка со Фарските Острови и треба сите да бидеме подготвени. Денеска го направивме првиот чекор на нашиот пат бидејќи имаме долг пат“, , рече Недим Бајрами, напаѓач на Албанија.
Селекторот Силвињо се радува на првата победа на клупата на Албанија, но време за славње нема бидејќи за три дена подоцна Албанија се соочува со Фарските Острови.
Махир Тачи