Емиграцијата, постмодернизацијата и барањата за подобар квалитет на живот се меѓу причините за намалување на населението. До 2050 година Македонија ќе има над 300.000 жители помалку. Ова го покажуваат податоците од извештајот на ОН. Останува загрижувачки иселувањето на стручниот кадар како доктори, инженери и млади академици. Според професор Буњамин Бела, оваа категорија граѓани заминуваат поради нефункционирање на принципот на меритократија и недовербата во државните институции.

„Гледаме дека една од причините за нискиот економски развој е недостатокот на работна сила, особено кај штоима дефицит, било да се тоа лекари, инженери, механичари, разни занаетчии од различни области. Ова создава нерамнотежа помеѓу цената на услугата што ја нудат и нивното отсуство е се повидливо. Затоа, образовните институции, институциите за социјалната политика во комбинација треба да ги координираат активностите за во центарот да го имаат граѓанинот, поединецот, бидејќи младите не се мотивираат само преку ветувања“, рече Буњамин Бела, економист.

Предупредувањата од ОН за намалување на населението, вели Бела, треба да бидат аларм за домашните институции за да се спречи иселувањето на населението.

„Доколку овој аларм не допре до ушите на лидерите -овој проблем да го стават во фокусот, да ги решат овие проблеми, да има поадекватна координација на сите ресори, доколку нашите институции станат поефикасни, имаме некаква надеж, инвестираме во луѓето да создаваат иновации и да имаме можности за вработување. Треба да има подобрување на општата благосостојба, да има сигурност, да има очекување и позитивна атмосфера, верувам дека ќе имаме некаква превенција, нема да ги достигнеме тие бројки“, додаде Бунајмин Бела, економист.

Обединетите Нации излегоа со алармантни бројки, дека до 2050 година шесте земји од Западен Балкан ќе имаат околу три милиони жители помалку од денес. Србија ќе има најголем пад во апсолутни бројки и процентуално. Според овие податоци, Албанија и Босна и Херцеговина до средината на векот ќе загубат над 20 отсто од своето население. Македонија ќе има намалување од 17,3 проценти, додека Црна Гора ќе има 14,8 проценти помалку население./Алсат.мк

Линда Ебиби