Легендарниот холивудски актер Џин Хекман е пронајден мртов во својот дом во Санта Фе, Ново Мексико, заедно со неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава, објави Santa Fe New Mexican , повикувајќи се на полицијата.
Полицијата во округот Санта Фе ги откри телата на двократниот оскаровец, 63-годишната Бетси и нивното куче во средата попладне.
Нема сомнеж за казнено дело, а причината за смртта не е објавена. Шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза ја потврди веста во четвртокот.
Текстот Актерот Џин Хекман, сопругата Бетси и нивното куче пронајдени мртви е превземен од МАКФАКС.