Пет лица загинаа, а 21 се повредени кога автобус удри во железнички мост во руската област Рјазан, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

Руската новинска агенција ТАСС ја пренесе изјавата на надлежните од медицинскиот центар во Скопин дека две деца се тешко повредени.

Во автобусот во моментот на несреќата имало 49 патници.

Според првичните резултати од истрагата, возачот изгубил контрола над автобусот.

Прикажи повеќе