Воениот авион што ја превезуваше шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес утрово доживеа нарушување на глобалниот систем за позиционирање – ГСП-сигналот додека беше на пат кон Литванија, објавија шпанските власти.

Инцидентот се случил додека шпанскиот авион летал во близина на руската енклава Калининград, објави „Скај њуз“.

Авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така имал проблеми со ГСП-сигналот на 1 септември за време на летот кон Бугарија, според написите.

„Можеме да потврдиме дека имало ГСП-блокирање, но авионот безбедно слета во Бугарија. Добивме информации од бугарските власти дека се сомневаат оти тоа се должи на очигледно руско блокирање“, рече тогаш портпаролот на ЕУ.

Фото: принтскрин

Текстот Авионот со шпанската министерка за одбрана го изгуби ГПС-сигналот е превземен од МАКФАКС.