Рускиот олигарх Роман Абрамович побара од своите пријатели, главно холивудски и американски моќници и брокери, да му позајмат милион долари за да може да „функционира“ додека неговиот имот е замрзнат.
Според Page Six, Роман Абрамович, чии банкарски сметки во Соединетите Американски Држави и Велика Британија се замрзнати, побарал од неговите угледни и моќни пријатели да му позајмат пари за, меѓу другото, да продолжи да плаќа за неговата верна служба на суперјахти што ги поседува на кои му требаат 750.000 долари неделно.
Абрамович, кој приреди низа забави на своите бродови и на неговиот простран имот на Св. Барт, има многу блиски пријатели во Холивуд, Вол Стрит и светот на технологијата. Неговите соработници, наводно, се претпазливи околу позајмувањето пари, и покрај неговата вклученост во руско-украинските мировни преговори.
„Роман бара од своите најблиски пријатели да му позајмат милион долари. Тој вели дека никогаш не пропуштил да му исплати плати на својот персонал, што е 750.000 долари неделно, а со замрзнати средства не може да ги плати своите луѓе“, рекол еден извор.