Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во оваа земја живеат 2.281 Македонци.

Во прегледот ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците. Кај нив стои Северна Македонија.

Гледано одделно од вкупната бројка Македонци 1.136 се од машки, додека 1145 од женски пол.

Според резултатите од пописот, 7057 се попишани како Бугари.

Од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќаните, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Срби, 511 Црногорци. Останатите се на друга етничка група или одбиле да се изјаснат.