Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше во „Отвореното студио“ на ТВ21 на новинарското прашање зошто техничките министри и заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ не се фотографираа на заедничката фотографија на техничката владам, одговори:

„Нашата улога е да го штитиме изборниот процес од оние другите кои што се сликаа. За да нема злоупотреби, затоа постои Пржинската влада“, изјави Илија Димовски.

Димовки рече дека најлесно би им било да коалицираат со ДУИ, но време е интегративците да заминат во опозиција.

– Ако ВМРО-ДПМНЕ бира со кого да коалицирала, најлесно би коалицирала со ДУИ, затоа што кај ДУИ инетересот би бил да се заштити од криминалите што ги правеле до сега. Но сметам дека е дојдено времето и ДУИ и СДСМ да одат во опозиција – рече Димовски.