Дејан Георгиевски, нашиот најдобар таеквондист додаде уште еден златен медал во своите витрини. Овој пат славеше на Г1 Тирана Опен. Дејан Георгиевски до златниот медал стигна со две доминантни победи над Филипов Александар ( Израел ) 2:0 и во финале над Ел Омар ( Франција ) 2:1. Пред неколку дена Георгиевски освои сребро во Белград на Србија Трофеј Г1.