Златен медал во категоријата „Мобилни машини“ добиле возилата на Грин Машинс на БРАКО велешката фабрика, во категоријата мобилни машини на Меѓународниот конкурс за иновативни производи со висок квалитет на Техничкиот саем во Пловдив, Бугарија.

На Меѓународниот конкурс за иновативни производи со висок квалитет на Техничкиот саем во Пловдив, Бугарија, како што објавија медиумите, електричното возило ГМ 500 ЗЕ добило највисоки оценки во неговата категорија, во присуство на изложувачи од 25 земји.

ГМ 500 ЗЕ работи на електричен погон и користи последна генерација на литиум-јонски батерии со нула емисија на СО2 и нула загадување на околината.

Жири составено од специјалисти од бугарската државна агенција за метрологија и технички надзор го оцениле македонскиот производ, електричното возило ГМ 500 ЗЕ, со највисоки оценки во неговата категорија, во присуство на изложувачи од 25 земји кои изложувале во области од машинство, енергетика, дигитални технологии, тешка техника, еколошко градежништво, хибридни транспортни средства и беспилотни летала.

Возилата на Грин машинс, објавија медиумите, се барани и високоценети на светскиот пазар поради нивната технолошка напредност, ефикасноста во работењето и модерниот дизајн.