Бугарскиот премиер Росен Желјасков им изрази сочувство на роднините на загинатите во пожарот во дискотека во градот Кочани во Република Северна Македонија (РСМ) и им посака оздравување на жртвите, јавува БГНЕС.

„Бугарија веќе ја понуди својата помош во форма на третман за настраданите од пожарот. Наредив целосна подготвеност за прием во клиничките бази во градовите Софија и Варна. Бугарското воено воздухопловство е подготвено, доколку е потребно, да ги превезе оние на кои им е потребно лекување“, изјави Росен Желјазков.