Според „Европскиот сојуз за промени“ зад одлуката на Апелацискиот суд Скопје да му го укине куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири – еден од осумтемина осомничени за насилниот упад во Македонската навигација (М-НАВ) веројатно стои притисок од ДУИ во пресрет на изборите.

-Сомнителен е целиот процес, како што е сомнителен целиот наш правосуден систем за кој имаме големи забелешки и од Европската Унија и од сите релевантни меѓународни институции. Знаете дека довербата на граѓаните во оваа институција е само четири проценти и тој пинг пинг што го играат институциите внатре, еднаш му даваат куќен притвор, а потоа го пуштаат, па му ја одземаат патната исправа е една игра и веројанто е пристисок од страна на ДУИ и од страна на власта за сега пред избори нивниот важен член тука во Скопје да не е таму каде што му е местото согласно закон, вели Зендели од ЕСП.