Земјотрес со јачина од 2,9 степени беше регистриран вечерва во 19 часот и 45 минути.

Епицентарот на земјотресот е во делчевско-беровскиот регион.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.