Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран изутринава во близина на брегот на грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според неговите податоци, епицентарот на земјотресот бил на 170 километри југозападно од градот Ираклион, каде живеат околу 137.000 луѓе.
Нема информации за повредени или причинета материјална штета.