Украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат го коментираше влегувањето на украинските сили во јужниот руски регион Курск, пет дена по објавувањето на почетокот на офанзивата, јави ДПА.
Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски изјави дека врховниот командант на украинските вооружени сили Александар Сирски го информирал за „напредокот на војната на територијата на агресорот“.
„Украина докажува дека е способна да обезбеди правда и да изврши притисок врз агресорот“, додаде тој.
Ниту Зеленски, ниту војската во Киев не дадоа повеќе детали за моменталната состојба на офанзивата на украинските војници на руска територија.
„Русија ја донесе војната во нашата земја и мора да почувствува што направила“, истакна Зеленски.