Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија минатата недела употребила повеќе од 600 авио-бомби во нападите на Украина.

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора да биде уништена каде и да се наоѓа. Исто така е сосема праведно да се нападнат руските аеродроми. Потребно е да најдеме заедничко решение со нашите партнери – безбедносно решение,“ напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Украинската војска претходно денеска соопшти дека нападнала руски аеродром Морозовск во текот на ноќта, погодувајќи складиште за муниција каде што, меѓу другото, се наоѓале и авио-бомби.