Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по повод Денот на независноста на земјата, дека Украина и Украинците самостојно ќе одлучат како да живеат, по кој пат да одат и какви избори да направат, бидејќи така функционира независноста.
Зеленски го изјави тоа во обраќањето до граѓаните на Украина, кое е снимено во регионот Суми, во близина на границата со Русија.
„Ова е граница меѓу независна европска држава и број еден терористичка организација во светот. Пред 913 дена, особено преку областа Суми, Русија војуваше против нас. Таа ги прекрши не само суверените граници, туку и границите на суровоста и здравиот разум, сакајќи бескрајно да не уништи“, изјави тој.