Завршена е обдукцијата на 59. загинати лица од пожарот што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информирааше дека сите тие се идентификувани.
Тој информираше и дека во пожарот со повреди се здобиле 196 лица од кои 20 деца.
Во моментот 93 повредени се во скопските болници, а 80 се лекуваат во странство.