Запознајте ја Преспа“, е насловен фестивалот што настана од иницијативата да ги поврзува луѓе од трите страни на Езерото. Овие три дена се реализира на неколку локации во Преспа, со добра музика, храна и дружење.
Фестивалот е кофинансиран од Европската Унија и се одржува под мотото – запознај го триаголникот на овој дел од светот преку музика, гастрономија и животот на локалното население, обединети заедно за европската перспектива на регионот.
– Преку фестивалот „Запознајте ја Преспа”, се запознавате со културното наследство на еден регион преполн со историски и културни локалитети, вклучувајќи антички цркви, манастири и археолошки локалитети. Регионот има неколку живописни села познати по својата традиционална архитектура и мирен амбиент. Музиката, гастрономијата и животот го формираат совршениот триаголник на регионот Преспа, порачуваат организаторите.