Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците во техничката Влада, Артан Груби по изгласувањето на техничката Влада објави заедничка фотографија со новиот премиер Талат Џафери и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

-Речено, сторено. Честитки до сите, напиша Груби под објавената фотографија.

Техничката Влада на чело со Талат Џафери беше избрана денеска со 65 гласа „за“ и тројца „против“. бак/ев/