„Позицијата на Европската комисија за државите кандидати е кристално јасна. Има перспектива за сите држави кандидати, но нема странични врати, кратки патеки или ставање на проблемите под тепих. Државите кандидати треба да одговорат на сите пропишани услови“, вели потпретседателот на Европската комисија
Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас во интервју за бугарскиот медиум Бугарија он еир, вели дека за Северна Македонија нема споредни врати или брзи ленти, туку дека државата треба да ги исполни предвидените услови, што се истовремено се и услов на Бугарија и на Европската Унија за почеток на преговорите.

„Позицијата на Европската комисија за државите кандидати е кристално јасна. Има перспектива за сите држави кандидати, но нема странични врати, кратки патеки или ставање на проблемите под тепих. Државите кандидати треба да одговорат на сите пропишани услови“,
вели тој.
Коментирајќи ја констатацијата на новинарката на бугарскиот медиум дека новата владата на Северна Македонија се обидува да не ги исполни предвидените услови за почеток на преговорите, како впишување на Бугарите во Уставот, а уставните измени да стапат на сила дури по влезот на држвата во ЕУ, Схинас вели дека проблемите на една држава треба да се решат пред таа да влезе во Европската Унија.
„Ве уверувам дека никој не сака да се внесуваат никакви проблеми во рамките на Европската Унија. Тоа е нешто што никому не му помогна во минатото. Тука мислам на граничните спорови меѓу Хрватска и Словенија, кои тешко се решаваа во ЕУ. Значи, воопшто нема желба, која било земја какдидат да ги донесе своите проблеми во Европската Унија. Овие прашања кора да се решат или пред или за време на процесот на пристапување. Но, не и после тоа“,
рече потпретседателот на Европската комисија.
Според него, прелиминарните услови за уставни измени истовремено е и барање на Бугарија, но и на ЕУ за старт на преговорите.
Схинас во интервјуто ги коментира и односите меѓу Скопје и Атина по Преспанскиот договр.
„Сметам дека Преспанскиот договор, со кој се уреди уставното име, е клучен фактор за воведување на поголема стабилност во претпристапниот процес. Во меѓувреме имаше промена на власта во Северна Македонија. И покрај тоа што новите лидери не покажаа никаква желба за ревизија на Преспанскиот договор, многу често се чувствува искушението за негово вербално нарушување. Тоа е провокативно за Грција“,
кажа тој.
Изрази надеж дека тоа дека нема да се претвори во институционална опасност за Преспанскиот договор.
„Повторно прерспективата е иста. Имено, ако сакате да влезете, треба да се уверите дека сте во добри односи со вашите соседи. Во спротивно, нема да ве примат“,
рече Схинас.