Две минимални плати се доволни да покријат едвај 70 отсто од троѓоците во минималната синдикална кошничка, покажуваат последните пресметки на сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ). Декемвриската минимална синдикална кошничка тежи 56.552 денари а пресметките ги изработија двајца поранешни министри за финансии, Никола Поповски и Драган Тевдовски кои беа ангажирани од ССМ. Тоа значи дека на четиричлено семејство каде двајцата родители се со минимална плата ќе им недостасуваат 16 илјади денари за да ги задоволат најосновните потреби.

Како основ за пресметка експертите Поповски и Тевдовски, земаат четиричлено семејство кое живее во свој стан од 60 квадрати. Доколку тие мора да плаќаат и кирија, износот на кошничката се зголемува на 71.972 денари.

Гледано по ставки, најмногу тежи храна и пијалаци 20.700 денари или 36,7 отсто а потоа се режиските трошоци со 10, 4 отсто или речиси вкупно половина од кошничката.

Пресметките покажуваат дека со две минимални плати се покриваат само 71,4 отсто од минималната кошничка додека една просечна плата покрива само 69,9 отсто.

Клучен проблем е како семејство каде што двајцата родители се со минимални примања ќе дојдат до средства за да располагаат со најнеопходните и минимални 56.500 денари. Во пресметките не е вклучена рата за кредит поради можност за двојно пресметување но и фактот што оваа категорија на граѓани е кредитно неспособна.

Според податоците на ССМ заклучно со октомври 25 илјади работници примиле минимална плата која изнесува 20.175 денари.