Од 608 присутни делегати од вкупно 650 на втората Конвенција на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците (ФРАШ), едногласно, за претседател на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците ја избраа Улка Нуредини.
Делегатите претходно усвоија деловник на Конвенцијата како и го усвоија Правилникот на ФРАШ со поддршка од сите присутни делегати.
Со поздравен говор до младите на денешната Конвенција се обрати претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
Таравари истакна дека не помина многу време откако победивме на изборите и знаете дека вие Млади бевте бензинот на машината на Промени.
“Промената е акција, дело, мисија која ни припаѓа на сите нас. Секој треба максимално да се посвети за да ја донесеме државата што ја сакаме и ни треба. Државата е одговорност, обврска и мисија на сите!
Вие не сте иднината на оваа земја, вие сте сегашноста, а бидејќи песната што тече кога влегов е една од моите омилени песни, како што вели Тина Тарнер: You’re simply the Best! Промената се случува само СЕГА со ФРAШ!“, заклучи Таравари.
Новоизбраната претседателка на ФРАШ, Улка Нуредини, откако ја доби довербата од делегатите, одржа поздравен говор.
Претседателката Нуредини вети дека ќе продолжи да работи уште посилно во заштитата и зајакнувањето на Алијансата за Албанците, следејќи ги принципите на ФРАШ како автономно тело на АА, како и план-програмата:
– Еднаквост и еднакви можности,
спречување на дискриминација,
независност и демократија,
транспарентност и отчетност,
професионализам и меритократија,
подигање на свеста за важноста на младите луѓе и нивната социјална улога,
интеркултурализам и инклузивност,
меѓуинституционална соработка во креирањето и спроведувањето на политиките за доброто на младите.
Програмата се состои од 4 точки:
1. ФРАШ – сеопфатен кој го опишува начинот на организација, структурирање и функционирање на Младинскиот форум и неговите активности.
2. ФРАШ – Севкупно –
ФРАШ ќе има позиции во политичкиот субјект Алијанса за Албанците и надвор од својот субјект.
3. ФРАШ – АКТИВЕН – Ќе се заложи за создавање на различни групи на ФРАШ, за ние како млади да имаме тела кои ќе ги застапуваат проблемите и активностите, но и застапеноста на младите во политичките ТВ дебати!
4. ФРАШ – Политичка школа
ФРАШ ќе биде посветен на подготовка и се надеваме дека ќе произведува лидери на иднината.
Ние како ФРАШ никому нема да ја затвориме вратата, ќе ги прифатиме и почитуваме сите што ќе побараат со убедување и чиста волја да се приклучат на Младинскиот форум на Алијансата на Албанците, потенцираше понатаму Нуредини.