На улица Струмјани во Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко возило тојота рав 4 со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П. од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот е пријавен рано утринава во СВР Скопје. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 03:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Петар Ацев“ на подрачјето на општина Аеродром избувнал пожар во патничко возило цитроен Ц1 со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С. од Скопје.

Според пријавата, од пожарот било зафатено и друго патничко возило, киа со скопски регистарски ознаки, сопственост на 45-годишниот И.Д. од Скопје.