Вчера во СВР Куманово било пријавено дека околу 16.50 часот на локалниот пат во  село Љубодраг, кумановско, патничко возило удрило во пешакот С.Н. (53) од село Љубодраг, а потоа возачот го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општата болница во Куманово.

За настанот е запознат надлежен ЈО и бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово.