Волонтери на НАСА кои поминаа повеќе од една година во бункер кој симулира услови на Марс, денеска ја завршија својата мисија.
По 378 дена во бункер печатен во 3Д, кој ги имитира условите на Марс, лоциран во Тексас, Кели Хејстон, Анка Селарио, Рос Броквел и Нејтан Џонс излегоа надвор.
Волонтерите беа дел од мисијата на НАСА за истражување на здравјето и перформансите на екипаж (ЦХАПЕА), која почна на 25 јуни минатата година, пренесува Скај Њуз