Безбедна и квалитетна е водата за пиење во Скопје, покажува најновиот неделен извшетај на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Како што информира претпријатието, Секторот за санитарна контрола во периодот од 25 до 29 март земал 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.