Во сообраќајката која се случи синоќа во близина на ГП Табановце, а во која загина 49-годишна кумановка, учествувал и познатиот српски пејач Ѓорѓе Давид. Тој се враќал од Гевгелија кон Белград, каде бил на службено патување.

– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата, велат од мВР.