Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра денеска изјави дека 471 Палестинец загинал, а повеќе од 314 се повредени во, како што рече, „израелскиот масакр“ во болница во северниот дел на Појасот Газа.
Палестинските власти го обвинуваат Израел за вчерашната експлозијата во болницата.
Израел соопшти дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинската милитантна група Исламски џихад, која ја негираше вината.