Од почетокот на минатиот месец, кога почнаа да функционираат, до средината на овој месец, во летните здравствени амбуланти услуга добиле околу 23 илјади туристи.
– Летните здравствени амбуланти, отворени во 34 туристички места низ државата и нудат 24/7 услуга, се незаменлив извор на услуги за домашните и странските годишноодморци во текот на летната сезона. За месец и половина дадени се 22.406 услуги, што е за две илјади повеќе од минатата летна сезона, напиша албанската министерка за здравство, Албана Кочи, на Фејсбук.
Изрази голема благодарност до лекарите и медицинските сестри од летните здравствени амбуланти, како и до националните тимови за итни случаи, за „пожртвуваноста, навремената и успешно дадена услуга“.
Овие амбуланти, или четири повеќе од минатата сезона, функционираат за да ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области.
Во нив се ангажирани 300 лекари и медицински сестри и функционираат 24 часа, седум дена во неделата.
На северот од земјата има 10 здравствени амбуланти, во централниот дел 9 и во јужниот дел уште 15. Националниот ургентен центар стави на располагање и 20 фиксни станици за брза помош.
Поради тропските горештини општина Тирана има поставено шатори во кои граѓаните и туристите може да добијат здравствена услуга, пред се мерење крвен притисок, како и вода за пиење.