Поранешниот разузнавач и началник на петтата управа Горан Грујевски бил уапсен во хрватскиот град Загреб, и набрзо потоа ослободен. Приведувањето го спровело хрватското одделение на Интерпол по меѓународната потерница која беше распишана по него во 2017 година, неколку месеци по тогашната смена на власта и насилниот упад во Собранието. Македонското министерството за внатрешни работи добило известување дека вчера Грујевски бил приведени, но денеска (14 април) им пристигнало известување дека е ослободен. Повеќе детали за причините зошто по краток притвор Грујевски е ослободен засега нема.
Oва е второ приведување на поранешниот разузнавач Грујевски. Првото приведување беше спроведено од Интерпол во Грција во октомври 2017 година.
Тогаш Грујевски заедно со неговиот колега бегство и во Управата за безбедност и контраразузнавање и Никола Бошковски беа уапсени на солунскиот аеродром со фалсификувани бугарски пасоши под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.























