Германската полиција денеска соопшти дека 22 лица се повредени во експлозија на подрачјето на познатата тркачка патека Нирбургринг.

Полицијата наведе дека во експлозијата на канистер едно лице е тешко повредено, три лица се сериозно повредени, а останатите имаат полесни повреди, пренесе агенцијата ДПА.

На местото на настанот полицијата сѐ уште ги истражува околностите.

Неколку лица беа пренесени со хеликоптер во блиската болница.

Инцидентот се случи зад боксот на патеката, за време на тестирањето пред трката НЛС4.

Организаторите соопштија дека трката ќе се одржи, но учеството нема да биде задолжително, туку доброволно.