На денешната пленарна седница, која траеше само седум минути, помеѓу свирежи и навреди, албанскиот Парламент, со 77 гласови „за“ го ратификува договорот со Италија за отворање на два прифатни центри на албанска територија за сместување лица фатени во обид илегално да дојдат на италијанскиот брег.

Договорот, за кој беше потребно одобрение од просто мнозинство, од 140-члениот парламент, помина со гласовите на пратениците на владејачката Социјалистичка партија и тројца пратеници на Партијата за правда и единство, при што опозицијата го бојкотираше гласањето.

Договорот, кој на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, на 15 месецов го ратифкува и италијанскиот Сенат, со 93 гласа „за“ и 61 „против“.

Центри ќе функционираат во пристанишнот град Шенѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена воена база, и двата во околијата Лежа. Месечно ќе бидат сместувани три илјади мигранти или 36 илјади годишно.

Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите, кои треба да профункционираат оваа пролет, за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра.

Италијанскиот Сенат договорот го ратификува на 15 месецов со 93 гласа „за“ и 61 „против“.