Бараме ЈО да отвори постапка за прикривање на имот, потенцијално даночно затајување и злоупотреба на службена положба и овластување против Груби, кој автомобилот за кој цела влада потврди дека е негов не го пријавил во својот анкетен лист, и не го запишал на свое име, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат:

Бујар Османи, Крешник Бектеши и другите министри од владата потврдија дека запалениот автомобил е возило на Груби. Според евиденцијата која ја објавија медиумите, автомобилот е во посед на друго лице за кое Груби вели дека му е пријател.

Кој е тој пријател на Груби кој купил Ауди А6 возило вредно 80.000 евра и наместо да го вози сам го дал на Артан Груби да го вози и управува со него како со свие возило?

Дали Груби има возачки дух па доби Ауди А6, кое не го пријавил, зошто не го купил официјалано, исто како што Дрин Ахмети имаше претприемачки дух па ја доби Соравија?

ЈО да не го пробива дното и да отвори постапка. ДКСК да не молчи и да реагира. Дополнително да каже дали Груби е еден од функционерите кои имаат свој имот запишан на име на трети лица, за кои говореше нивната претседателка Билјана Ивановска?