Скандал до скандал, не поминува ден, а да нема некој нов криминал, насилство или понижување кон институциите од страна на кадрите на ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивното соопштение се вели:

Од купување на Соравија без денар, до полн гепек со петарди и пиротехника, тоа е Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, одговорност нема.

Од донатор на ДУИ, до главен тендераш на институциите со кои управува ДУИ, тоа е ЕУРОВИА.

Од прв вицепремиер, до брат со дуќани на улица Македонија, по багателна цена, од 700 евра за метар квадратен. Тоа е Артан Груби.

Од партиски штаб, до вработување во М-НАВ, а кога партиските списоци не им излегуваат по мерка тепаат и прават упади во објект од безбедносно значење како контролната кула на М-НАВ.

И нема соопштение кое може да ги собере сите скандали на ДУИ, ниту нивните криминали и понижувања кои и ги приредија на државата.

И додека се нижат скандали, СДС служи само како нивен поддржувач, нема одговорност за ниту еден функционер од ДУИ.