Тоа што Артан Груби нуди отстапка од премиер Албанец, само го потврдува тоа што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го говореше, а тоа е дека Димитар Ковачевски е само слуга на ДУИ и Али Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивното соопштение се вели:
 
Владата ја води Ахмети и ДУИ, а Ковачевски е само поставен на позицијата за да ги исполнува интересите на ДУИ.
 
Тоа што Ковачевски прифаќа се што ќе му стават на маса Ахмети, Груби и ДУИ, покажува дека Ковачевски е заробен премиер од ДУИ.
 
Ковачевски и СДС наместо да молчат, би било добро да се произнесат како го коментираат признанието на Груби дека СДС е малиот коалициски партнер во владата на ДУИ?
 
Ковачевски и СДС им дале се на ДУИ само за да опстанат на власт за да можат да крадат.
 
Како свири Али, така Димитар игра.
 
ВМРО-ДПМНЕ не се пазари. 
 
Со оглед дека ДУИ ја водат владата, а СДС е нивниот помал коалициски партнер, му порачуваме на Груби дека единствено за кое што можеме да преговараме и договораме е датумот за предвремени парламентарни избори. 
 
Народот на избори ќе одлучи во која насока сака да се движи државата. Се останато е само ден загуба за граѓаните. 
 
Се надеваме дека шефот Ахмети и ДУИ ќе ја прифатат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе му наредат на слугата Ковачевски да прифати избори.